За жал, само заради зголемување на автономијата и без најава за нов спортски автомобил со ознаката RX

Шпекулациите се покажаа точни. Mazda го врати во живот ротациониот мотор. „Исклучително тивкиот“ ротационен мотор ќе служи за да зголемување на автономијата, а функцијата ќе ја врши така што со својата работа ќе врши дополнување на батериските единици кои ќе служат во електрифицираните модели на јапонскиот производител.

Детали и поединости во врска со ова, не се обелоденети, но познато е дека станува збор за агрегат со мал обем, но со голема испорака на моќ. Интересно е и тоа што производителот најави можност за користење на течен нафтен гас (LPG) како погонско гориво за ротациониот мотор, а што би ја дуплирало неговата моќ во смисол на дополнување на батеријата.

Во почетокот Mazda ќе претстави два склопа на возила од сегментот BEV. Еден ќе користи исклучиво батерии, а другиопт ќе има и ротационен мотор. Пазарното појавување се очекува во 2020 година.

Јапонската марка очекува дека до 2030 година, целата понуда на брендот ќе биде електрифицирана, односно 95% од продажбата ќе ја чинат верзиите со електрична асистенција, додека остатокот ќе претставува чисто електрични возила.

Сепак, Mazda нема да го занемари ниту понатамошниот развој на SUS моторите.