Одлуката на Toyota за развој на нова генерација на популарниот спортски модел Supra, заедно со BMW Z4 Roadster, изненади многумина  пред неколку години

Клучната заедничка карактеристика на овие два модели е тоа што и двата користат погонски мотор од BMW.

Главниот инженер на Toyota, Тецуја Тада, објаснува зошто Toyota одлучила „срцето“ во петтата генерација на Supra да биде од друг производител.

Во Toyota ја донеле оваа одлука врз основа на истражување на пазарот, во кое се вели дека купувачите на спортски автомобили сакаат редни шест цилиндерски мотори под хаубата.

Јапонскиот гигант проценил дека развој на сопствен таков мотор не е економичен, бидејќи Supra не е автомобил што ќе се произведува во огромни количини.

Токму затоа контактирале со BMW и го презеле нивниот 3.0-литарски мотор кој се наоѓа во Z4 M40i и новиот M340i.

Инженерите на Toyota го адаптирале баварскиот агрегат на спецификациите на Ѕupra, како и другите витални делови преземени од BMW, како што се 8-степената автоматска трансмисија и шасијата.

Иако и двете компании заедно влегоа во овој проект , тие ветија две сосема различни автомобили не само по изглед.

Врз основа на веќе претставениот Z4 и првите слики на Supra, јасно е дека не постои сличност во екстериерот.

Новата Toyota Supra ќе дебитира на Саемот на Детроит, кој е закажан за 13-28 јануари 2019 година.