Бесот во врска со цените на горивото како и другите мерки од страна на француската влада доведе до тоа некои демонстранти да се насочат кон скапи автомобили на улиците на Париз

Дека и оправдани социјалните немири лесно може да се претворат во хаотично однесување, овие денови сведочат сликите од улиците на Париз и другите француски градови.

Искшени излози, ограбени продавници и запалени возила се само некои од негативните последици од демонстрациите на „жолтите елеци“.

На Интернет се појавија видеа на кои се прикажува како група на луѓе тркалаат и уништуваат Porsche 911 Cabrio, како гори скап Mercedes-AMG GT S…

https://www.youtube.com/watch?v=BMrvS5VahSk

Уште едно видео го прикажува вандалското однесување кон Range Rover Sport од постара генерација со дипломатски таблички.

https://www.youtube.com/watch?v=kt4hP56DHUA

Но не само скапите автомобили се мета на демонстрантите. Медиумите известуваат дека за време на протестите биле оштетени или запалени и многу „обични“ возила кои се нашле на патот на демонстрантите.

https://www.youtube.com/watch?v=ey3YRkeOkTE