Огромно признание за автомобилите на Mercedes, Lexus и Hyundai

На премиерата на A-класата, од Mercedes-Benz истакнуваа дека ова е технолошки најнапредниот автомобил во својот сегмент. Неколку месеци подоцна се испоставува дека ова е точно, дури и кога станува збор за безбедноста.

А-класата има одлични резултати на краш тестовите спроведени од EuroNCAP. Овој автомобил добил оцена 96% за заштита на возрасни патници, 91% во сегментот на заштита на децата во внатрешноста на возилото и 92% за заштита на пешаците. За активните напредни системи за безбедност, А-класата е оценета со 75% со што стана најдобро оценетиот автомобил оваа година на тестовите на Euro NCAP.

Покрај А класата, Euro NCAP прогласи уште два победници. Во категоријата големи семејни автомобили титулата титулата најбезбеден е за Lexus ES, додека најбезбеден теренец е уште еден модел од Азија – Hyundai NEXO. Lexus ES всушност е победник во две категории, бидејќи во исто време е прогласен и за најбезбеден електричен автомобил / хибрид за оваа година.

Повеќе на следниот линк.