Женева 2018: VW I.D. Vizzion Concept – лимузинска визија за иднината / ФОТО

0

I.D. Vizzion има погон на сите тркала и може да се транспортира патници на растојание од 665 километри со едно полнење

Електричниот концепт на Volkswagen е визијата на овој германски бренд za високотехнолошки седан, кој може да пристигне на патиштата во 2030 година. Надворe[no гледано, не се разликува премногу од лимузините кои можеме да ги видиме на патиштата, но внатрешноста е сосема поинаква. Патниците користат гласовни команди и ги движат рацете за да му „кажат“ на автомобилот „каде да одат“. Мрежата на сензори, со помош на вештачка интелигенција, го превзема возењето во своите „раце“.

Дизајнот на I.D. Vizzion инспирацијата ја наоѓа во другите статии од семејството I.D.. Ова особено се однесува на предниот дел, со светлата кои се протегаат по целиот носен дел, што потсетува на I.D. Crozz. Големите стаклени површини и заоблената линија на покривот го прават изгледот елегантен и мазен.

Надворено има цела мрежа на скриени ласери, радарски сензори, камери и други високотехнолошки компоненти. Покрај тоа, компјутерот ги надгледува податоците од „cloud“ и ги споредува со оние кои ги обезбедуваат сензорите во автомобилот. Volkswagen, исто така, замислил vehicle-to-vehicle“ (V2V) комуникација помеѓу возилата како друг метод за собирање на податоци за патот што следи.

Со фокус на целосно автономно возење, дизајнерите на Volkswagen главниот акцент го ставиле на салонот на I.D. Vizzion. Во неа патниците можат да бидат сместени во четири фотелји и да уживаат во дебел поден тапацир. Големите прозорци обезбедуваат изобилство природна светлина, но просторот во салонот може и да се затемни електронски, кога приватноста е приоритет.

Салонот изобилува со напредна технологија. Една од најинтригантните работи е инкорпорирањето на Microsoft HoloLens технологијата за проширена реалност, која може да проектира виртуелни дисплеи пред патниците. Вештачката интелигенција на автомобилот, исто така, има способност да учи работи како омилените позиции за седење и поставување на климатизација.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

Како и кај останатите VW I.D. членовите, Vizzion користи чист електро погон. Напред е сместен мотор од 101 КС и уште еден со 201 КС, така што подесувањето на погонот е практично на сите четири тркала. Под подот, има 111 kWh батерија, која обезбедува автономија од 665 километри.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »