Автомобил на годината во Европа е – Volvo XC40!

0

На ден пред почетокот на 88-то меѓународно шоу за автомобили во Женева, се одржа финалето од изборот за Европски автомобил на годината за 2018 година.

Титулата најдобар ја освои компактниот SUV Volvo XC40, пред Seat Ibiza и BMW Серија 5.

Во финалниот круг беа вкупно седум модели: Alfa Romeo Stelvio, Audi A8, BMW Серија 5, Citroen C3 Aircross, Kia Stinger, Seat Ibiza и Volvo XC40.

XC40 е убедлив победник со 325 поени, пред Ibiza со 242 поени и BMW Серија 5 со 226 поени.

За признанието „Европски автомобил за 2018“ учествувале сите модели кои се појавиле на европскиот пазар од почетокот на 2017 година. Најдобриот автомобил е избран од меѓународно жири составено од 60 новинари од автомобилската индустрија од 23 европски земји.

Традиционалниот избор за Автомобил на годината во Европа се одржува од 1964 година, а во 2017 година победник беше Peugeot 3008.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »