„Крадец на годината“ – украл електричен автомобил, но не знаел да го стартува

0

Откако го скршил стаклото на автомобилот и го исфрлил возачот надвор, крадецот се обидел брзо да побегне со автомобилот, но бидејќи не можел да го придвижи, побегнал, но набргу бил уапсен

Chevrolet Bolt EV е еден од најпопуларните електрични автомобили и голем конкурент на Tesla Model 3, a како и другите електрични автомобили, има некои карактеристики кои го прават различен од конвенционалните возила и на кои треба корисникот да се навикне. Некои од спецификите се тишината (е-возилата не создаваат бучава при мали брзини, што може да биде опасно за пешаците кои не ги слушаат), регенеративното сопирање, односно полнење на батеријата за време на кочење како и забрзувањето кое е константно од првиот допир на педалот за гас.

Иако ова не се работи поради кои, ако за прв пат седнете во таков автомобил, не би можеле да управувате со електричен автомобил, сепак некои луѓе како Кори Ален Патрик од Остин во САД изгледа треба да поминат краток курс за придвижување и управување со е-автомобил.

Овој човек пред неколку дена во Остин нападнл возач на електричен Chevrolet Bolt кој бил паркиран и му влегол во автомобилот – возачот првично се противел, но кога напаѓачот го скршил стаклото и станал поагресивен, сопственикот на возилото заклучил дека не вреди да се умре за него, па излегол и му го препуштил местото на Патрик.

Но, откако поминал некое време во автомобил, несмасниот крадец излетал од автомобилот и почнал да бега, но не стигнал далеку, бидејќи ситуацијата ја следел друг маж кој му притрчал на помош на возачот и Патрик по патот го бркал и фатил со мачета.

Според извештајот на полицијата, причината зошто крадецот избегал од автомобилот била тоа што не знаел да го придвижи, а сопственикот на електричниот Bolt на полицијата и рекол дека тоа е возило на кое сепак треба малку да се навикнете. На веб страната Electrek која е специјализирана за теми поврзани со електрични возила велат дека Bolt EV е исклучително лесно да се стартува, но можеби проблемот е во тоа што можеби за придвижување на рачката на менувачот е потребно да се притисне едно странично копче на истиот.

Што се однесува до Кори Ален Патрик, против овој 28-годишник е подигнато обвинение за грабеж со физички напад, за кој во Тексас може да се добие затворска казна до 20 години.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »