Kia на на автомобилскиот салон во Женева ја претставува новата генерација на Ceed во караванска верзија со багажен простор од 600 литри

Kia Ceed караванот за 2019 година е помал од својот претходник за 20 mm, но во исто време е исто толку поширок, а автомобилот располага со голем багажен простор од дури 600 литри.

Различниот дизајн не е единственото нешто што го разликува овој автомобил од претходникот, сеуште актуелен – Ceed Sportswagon е поставен на новата механичка платформа К2, која овозможува поголем простор во внатрешноста, и покрај пониската кровна линија.

Една од „последиците“ е веќе споменатиот багажен простор кој е за 14% поголем отколку кај претходникот, со опционално достапно електрично отворање на вратата од гепекот.

Задните седишта се поделени во сооднос 40:20:40, што автомобилот го прави уште попрактичен кога станува збор за транспорт на поголеми предмети, а со соборување на наслонот се добива потполно рамен под.

Шините на покривот се стандарден дел од новата опрема за караванската верзија на Kia Ceed.

Развиен во Европа, за европските потрошувачи, Ceed Sportswagon за 2019 година, ја користи гамата на мотори неодамна претставена со хеџбек верзијата на моделот.

Основниот модел погонот го добива од 1.4-литарски атмосферец со 100 КС. Тука е и 1.0-литарски турбо бензинец со 3-цилиндри и 120 КС. Следниот во палетата е 1.4-литарски турбо бензински мотор со 140 КС.

Дизел понудата се состои од две 1.6-литарски CRDi единици – послабата со 115 КС, а помоќната со 135 КС и 280 Nm.

Сите мотори се поврзани со стандарден рачен менувач со шест степени на пренос, а за бензинскиот 1.4 турбо и 1.6 дизел агрегатите, како опција е достапен 7-брзински автоматски менувач со двојна спојка.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1lSngnLZhEG8cDxNBm8TRs-191pbv_ouh” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Kia Ceed Sportswagon за 2019 година во продажба влегува оваа есен.