Иако концептната верзија на тркачкиот автомобил Supra GR веројатно е главна ѕвезда на штандот, Toyota на автомобилскиот саем во Женева ја претстави и новата генерација на моделот Auris

Новата генерација на јапонскиот ривал на VW Golf, има нов храбар надворешен дизајн и технологии недостапни за претходните модели.

Должината на автомобилот од новата генерација е поголема за 40 mm, со што се зголемило и меѓуоскиното растојание, а се зголемила и висината за 25 mm.

Новата генерација на овој модел е базирана на платформата на ТНGA на Toyota, која е во основата и на модели како Prius и C-HR. Благодарение на новата платформа, Auris сега има понизок центар на гравитација и покрута каросерија.

Новиот Auris е прв модел во својот сегмент кој ќе се продава со два различни хибридни погонски системи. Едниот ќе произведува 120 КС (комбинација на бензински агрегат со волумен од 1,8 литри и електромотор, додека другиот има нов бензински агрегат со волумен од два литра и 178 КС и електричен мотор.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1KkvnstCdmiGoAdlW90Rddd2rmW53ZZ5o” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Влезната верзија, најверојатно, ќе располага со 1.2-литарски бензински мотор со турбополнач кој ќе произведува 114 коњски сили.