Германската политичка партија на „Зелените“ во средината на овој месец сака да иницира гласање во парламентот за ограничување на максималната дозволена брзина на автопатиштата ширум земјата

Германскиот автопат, популарно наречен Аутобан, е познат по своите делници без ограничување на брзината, а Зелените сакаат да воведат целосно ограничување од 130 km/h.

„Ограничувањето на брзината би бил глас на разумот за просветлување на општеството во 21. век“, вели членот на „Зелените“, Џем Оздемир, шеф на Комитетот за сообраќај во германскиот Бундестаг.

Ограничувањето на брзината на автопатиштата е дел од пакетот мерки за животната средина, но „Зелените“ се соочуваат со жестоки критики.

Министерот за сообраќај, Андреас Шеуер, посочува дека „наметнувањето правила од страна на Зелените“ мора да биде стопирано и дека напредокот во животната средина бара нова технологии, а не стари забрани.

Сепак, поддршка за „Зелените“ има од Полицискиот синдикат, но не заради загриженоста за животната средина.

Во анкетата на угледниот AutoBild со прашање дали треба да се ограничи максималната брзина на автопат, скоро 80% од анкетираните биле против таква идеја.