Францускиот Peugeot овој месец стартува со продажба на новата генерација на моделот 208 во Европа, а првите податоци, кога станува збор особено за електричната верзија се ветувачки

Клиентите се особено воодушевени од електричната верзија, која може да ги надмине очекувањата на првите луѓе на француската компанија.

Во Peugeot првично очекувале е208 да учествува со десет проценти од вкупното производство за овој модел. Сепак, побарувачката за електричниот 208 е многу поголема.

Peugeot има добиено 40.000 резервации за 208, од кои дури четвртина за е208, потврдува Жан Филип Императо, директор на компанијата.

Францускиот гигант, сепак, е внимателен кога станува збор за претпоставките за реални набавки, па Императо предвидува дека е208 ќе учествува со 20% од вкупното производство на моделот. Планот на Peugeot за моделот 208 е околу 300.000 хечбек единици годишно.

Електричниот Peugeot e208 има батерија од 50 kWh што треба да обезбеди автономија од околу 340 км. Моторот се напојува со електричен мотор од 136 КС и 260Nm кој овозможува забрзување за 8.1 секунди.

Почетната цена на е208 е околу 35.000 евра (во Франција), а од Peugeot велат дека поседувањето електричен 208 ќе биде финансиски еднакво како и за моделот со 1,2 литарски турбо бензинец со 130 КС и осумстепен автоматик.