Зелен ѕвер: Audi RS5 Sportback / ФОТО
Новиот спортски модел премиерно е изложен на тековниот автомобилски саем во Њујорк, а од Audi објавија дека овој автомобил наскоро ќе биде достапен и на европскиот пазар, без да се наведува точниот датум за започнување на продажбата
Што се однесува до северноамериканскиот континент, RS5 Sportback на продажните места пристигнува во втората половина на 2018 година.
Новиот модел од RS семејството, го користи истиот мотор како и сегашното Audi RS5 Coupe. Под хаубата се наоѓа 2.9 twin-turbo V6 со 450 КС (336 kW) и 600 Nm.
Моќта се пренесува на сите 4 точки преку 8-степен автоматски менувач.
До стотка забрзува за околу 4 секунди, а максималната брзина е електронски ограничена на 250 km/h. Со опционалниот Dynamic Plus е 280 km/h.
Меѓу опциите се 20-инчни алуминиумски тркала и неколку декоративни стилски пакети – „пијано“ црн, потоа јаглеродни влакна, како и естетски пакет со мат алуминиумски елементи.
Тука е и таканаречениот „спортски диференцијал“, кој, доколку е потребно, автоматски го прераспределува вртежниот момент помеѓу задните тркала.
[useyourdrive dir=”19-SOB0YwElZsfDZ5iFAf_JWfHEY0xpsx” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Цената на новиот Audi RS 5 Sportback не е позната, а како споредба, RS5 Coupe во Европа чини од 80.000 евра па нагоре.