Mercedes-AMG објави нови детали за рестилизираниот модел C63, кој е изложен на тековниот Саем за автомобили во Њујорк

Иако се уште е препознатлив на прв поглед, рестилизираниот модел сега е опремен со нова Panamericana маска (решетка) на ладилникот и добил рестилизирани отвори за воздух кои се дизајнирани така да ја нагласат ширината на возилото.

Дизајнерите, исто така, ги модификувале и лаковите на тркалата со цел подобрување на аеродинамиката, а инсталирале и нов дифузер на задниот дел. Тука се и рестилизираниот издувен систем и алуминиумските тркала од 18 и 19 инчи.

Рестилизацијата продолжува и во салонот каде што возачите сега ќе се најдат нов спортски волан завиткан во кожа со Touch Control копчиња кои одговараат на хоризонтални и вертикални движења на раката како кај паметен телефон. Тука е и новата дигитална инструмент табла со екран со големина од 12,3 инчи и екран од 7 или 10,25 инчи од инфозабавниот систем. Опционално се достапни седишта од сива и црна напа кожа со жолти рабови.

[useyourdrive dir=”1CGhWPpEdsAR8H1zbO9xg4RM04aXhTcT2″ maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Под хаубата и понатаму се наоѓа 4-литарски твин-турбо V8 мотор кој развива 467 КС и 650 Nm вртежен момент во стандардниот модел, додека кај варијантата C63 S развива 501 КС и 700 Nm вртежен момент.

Погонскиот агрегат е поврзан со AMG SPEEDSHIFT MCT 9G трансмисија, па C63, во зависност од верзијата, забрзува од 0 до 100 km/h за 3,9 секунди, и достигнува максимална брзина електронски ограничена на 290 km/h.

Продажбата на овој модел започнува следната година.