Според многумина, најинтересната премиера на автомобилскиот саем во Њујорк е премиерата на новата, петта генерација на Toyota RAV4. Новиот модел на Toyota за 2019 е сосема нов, и внатре и надвор, а се базира на платформата TNGA

Подобрувањата под каросеријата се големи. Новиот SUV добил три различни системи за управување на сите тркала. Еден од нив е традиционалниот погон на сите тркала, а вториот е паметен погон на сите тркала со распределба на вртежниот момент и третиот е AWD-i hybrid систем кој сега нуди 30% повеќе вртежен момента на задната оска која ја придвижува електричен мотор.

Добрата вест за оние кои сакаат off-road авантура е тоа дека каросеријата зад задните и пред предните тркала е пократка, што е производ на поголемото меѓуоскино растојание. Она што е интересно е дека новиот модел е пократок од сегашниот, но затоа е малку поширок.

Toyota се уште не е подготвен да открие информации за перформансите и потрошувачката на гориво, но е потврдено дека под хаубата ќе се најде 4-цилиндерски мотор со зафатнина од 2.5 литри, и во конвенционалниот модел и во моделот со хибриден погон. Исто така, познато е дека агрегатот сега е поекономичен, а се знае дека верзијата со конвенционален погон, ќе добие автоматски менувач со три брзини.

Кога станува збор за внатрешноста, таа е направена во минималистички дух, и во неа доминира стандардниот екран од инфо-забавниот систем со големина од 7 инчи (екран од 8 инчи е на располагање како опција). Како стандард доаѓа и Entune 3.0 аудио системот на Toyota, кој е компатибилен со Apple CarPlay и Amazon Alexa системите, а како опција е достапен и JBL премиум аудио систем од 800 вати.

[useyourdrive dir=”1niXU2RqMdIuv5MnJk3WME8MsrvH3PFTJ” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Што се однесува до системите за безбедност, системот Toyota Safety Sense сега подразбира и предупредување за челен судир со детекција на пешаци и автоматско сопирање во случај на вонредна состојба. Тука се динамичната контрола на крстарење, системот за напуштање на лентата на движење и автоматските предни светла како стандард.

Додека купувачите на северно-американскиот континент новиот RAV4 ќе можат да го купат до крајот на оваа година, Европејците ќе чекаат малку подолго, до првото тромесечие од следната година.

Непознатото е и цената, која ќе биде позната дури по европската премиера на овој модел.