Преговорите со локалните власти се при крај, вели менаџер за производство

Групацијата Volkswagen се приближува до конечната одлука за изградба на нова фабрика во Турција која ќе произведува автомобили од различни брендови, вели директорот за производство на Volkswagen, Андреас Тостман, пред новинарите.

Тостман додава дека преговорите со турските власти се во завршна фаза и ќе завршат „најдоцна во рок од две недели, а можеби и порано“. Изградбата на фабриката ќе чини над 1 милијарда евра, а ќе се произведуваат 300.000 автомобили годишно од марките Volkswagen, Škoda и Seat.

Фабриката ќе bide во Маниса (во близина на Измир), а изградбата ќе започне во 2020 година. Производството е предвидено да започне во 2022 година, со 4.000 работни места за вработување.

Досега се тврдеше дека Бугарија е меѓу опциите за локација на новиот погон на германскиот производител, но изјавата на Тостман, како и оние од медиумските публикации во Германија во последните неколку дена, јасно укажува дека Турција е „завршена работа“.