Започна производството на VW T-Roc кабриолет
Германците сред зима стартуваа со производство на ова лето претставениот кабриолет, со повисока позиција за седење
Volkswagen T-Roc Cabriolet официјално влезе во сериско производство, а производителот тврди дека ова е првиот кросовер во светот кој е во можност целосно да конфигурира како кабриолет.
Замислен во гамата на производителот да се позиционира веднаш под Tiguan, Т-Roc е поставен на платформата MQB. Она што го прави овој SUV посебен е неговиот склоплив мек покрив. За негово отворање се потребни девет секунди при брзина до 30 km/h.
„Можеме да се пофалиме со богатата традиција на производство на кросовери во нашите погони во Оснабрик. Овој концепт е еден од есенцијалните, што се однесува до нашето знаење“, пишува Јерг Милер, портпарол на тимот на компанијата вработен во погонот каде што се произведува и еден родстер на Porsche – Cayman. „Целиот тим е горд што има привилегија во име на Volkswagen да склопува кабриолети. Напорно работевме да се избориме за тој статус“.
Со исклучок на покривот, други разлики во однос на конвенционалниот Т-Roc нема. Моделите делат и некои од погонските групи, при што се мисли на дизелите и бензинците во опсег од 115 до 150 КС.
Сè уште не е познато каква ќе биде ценовната политика на производителот, со оглед на фактот дека кабриолетите не се на врвот на продажните листи поради непрактичност, особено не оние со покачена позиција за седење. Дури ни самиот Т-Roc не е нешто особено продаван. За две години откако е претставен, Volkswagen има продадено 140.000 примероци на европскиот континент.