Првиот трејлер за новото продолжение од серијалот за Џејмс Бонд ги потврди претходните најави дека пред нас има многу акција, особено зад воланот

А тука секако една од доминантните улоги ќе ја има Aston Martin. Покрај новиот модел, најпознатиот шпион ќе го користи и легендарниот модел DB5 од 1960-те, а тоа гарантира многу класични гаџети, вклучувајќи моќни системи зад фаровите. 

Под наслов Нема време за да се умре (No Time to Die) новото продолжение се очекува во април, иако поради технички проблеми со снимањето е можно мало одложување на премиерата. Она што е скоро сигурно е дека овој филм е последен за актерот Даниел Крег во улогата на Џејмс Бонд, што секако не е случај со Aston Martin кој секогаш ќе остане заштитен знак, дури и да биде со погон исклучиво на струја.