Започна производството на BMW 8 Series Convertible
По 8-Series Coupe, започна производството и на верзијата со отворен покрив
BMW 8-Series Convertible се произведува во фабриката Динголфинг, на истата линија од која излегуваат и 5-Series и 7-Series. Инаку, од оваа фабрика на BMW во Германија секој ден од фабричките ленти се симнуваат околу 1.600 автомобили од Серија 3,4,5,6,7 и 8.
Во Дингoлфинг се составува и BMW 8-Series Coupe, кој исто како и кабриолет верзијата, се изработува во две варијанти – 840d xDrive и M850i xDrive.
Дизелот 840d xDrive користи редни 6-цилиндерски 3.0 twin-turbo мотори со 320 КС (235 kW) и 680 Nm, а моќта на сите 4 тркала се пренесува преку 8-степен автоматски менувач. BMW M850i xDrive се напојува од 4.4-литарски twin-turbo V8 со 530 КС (390 kW) и 750 Nm максимален вртежен момент. За пренос на моќта се користи истиот 8-степен автоматски менувач.
Во 2019 година, се очекува уште помоќен BMW M8 со V8 единица достапна и во Coupe и во Convertible верзијата.
Освен купе и кабриолет верзии, во BMW планираат и трета каросериска изведба 8-Series Gran Coupe со 4 врати.
Динголфинг е една од 30-те BMW фабрики ширум светот, а во 2017 година во оваа постројка се произведени повеќе од 376.000 возила. Во моментов, таа вработува околу 18.000 луѓе, а покрај автомобилите на BMW, во неа се произведуваат и делови за автомобили, како и каросерија за моделите на Rolls-Royce.