Технологијата е погодна, но крие ризици во лоши временски услови

Темпоматот е една од најудобните опции во автомобилот која ја користат многу возачи додека се на пат. Сепак, можеби не знаат дека кога патиштата се лизгави и покриени со снег, овој „паметен“ систем може да направи лоша „шега“.

Технологијата се појавила во 1970-тите, со цел да се одржи стабилноста на автомобилот, како регулирање на икористењето на гориво без вклучување на возачот во процесот. Тој треба само да го активира системот (најчесто со едно копче на воланот), а потоа мора само внимателно да го држи управувачот со тргната нога од педалот за гас и во случај на потреба да го запре возилото.

Проблемот е во тоа што темпоматот, дури и адаптибилен, сè уште не може да ја препознае ситуацијата на патот. Системот не може да ја процени состојбата на патот и да го направи возилото постабилно со својата траекторија на движење. Токму затоа, производителите препорачуваат возачите да не го користат системот во опасни услови на патот.

Игнорирањето на таквото предупредување е ризик да се изгуби контролата над возилото на снежен или леден пат. Во такви ситуации, се вклучуваат ESP и ABS системите со цел враќање на автомобилот на стариот курс. Во исто време, темпоматот, во повеќето случаи, го попречува ова на било кој начин.

Овој конфликт се должи на начинот на дејствување на ESP системот. При занесување на задната оска, истиот се меша во функционирањето на системот ABS со намалување на вртењето на предното надворешно тркало. Тоа се случува со команда на моторот да го намали снабдувањето со гориво. Во исто време, темпоматот го прави токму спротивното – дава гас за да се постигне поставената брзина. И така системите доаѓаат во конфликт.

До што може сето ова да доведе? Најверојатно, до сериозен инцидент на патот, бидејќи судирот меѓу системите го прави возилото непредвидливо. Ако згора на се возачот е со помалку искуство зад воланот, последиците може да бидат фатални.

Се разбира, шансата за таква ситуација не е толку голема, но сепак ја има. Дури и најискусниот возач не е сигуран на патот додека вози скап автомобил, преполн со најсовремени електронски асистенти.