Склучен е нов договор кој на холандската патека и гарантира домаќинство на трки во Formula 1 уште најмалку три години…

Претходниот договор беше потпишан во 2021 година, кога Големата награда на Холандија се врати во календарот на Светскиот шампионат во Formula 1 за прв пат по 1985 година. Тоа беше тригодишен договор што му овозможи на Зандворт Formula 1 трки во сезоните 2021, 2022 и 2023 година.

Соработката сега е продолжена на уште две години, односно новиот договор го потврдува одржувањето на Холандското ГП во Зандворт најмалку до 2025 година.

Претходните две трки ги одбележа двократниот победник пред домашната публика – Макс Верстапен. Во негова чест трибините беа обоени во портокалово, а возачот на Red Bull Racing знаеше како да ги расположи своите фанови. Трката во Холандија е многу популарна, а доказ за тоа е дека сите билети за следното издание се веќе распродадени. Холанѓаните ќе имаат двајца возачи на гридот следната сезона со оглед на тоа дека Ник де Вриј се приклучи на тимот на Alfa Tauri.

„ГН на Холандија брзо го зацврсти своето место во календарот како една од омилените трки на фановите, бидејќи секоја година носи извонредна енергија. Распродадените тркачки викенди во претходите две години ги подигнаа нормите во однос на организацијата, забавата и одржливоста, па затоа и сме воодушевени што ја прошируваме соработката со нив. Има висока побарувачка за организација на трките во Formula 1, па ова е комплимент за целиот тим кој го зацементира Зандвоорт во календарот до 2025 година“, вели претседателот на Formula 1, Стефано Доменикали.