Се појави листа на десетте најскапи инциденти во последната сезона

Јасно е дека на тимовите им е многу тешко кога ќе ги видат своите возачи во инцидент или уште полошо во судир, каде што безбедноста е секако прв приоритет, но во изминатите две сезони со воведеното правило за контрола на буџетот , оштетувањето на болидите може да влијае и на самиот развој. Така порталот Racingnews365 излезе со листа на неколку од најскапите тркачки инциденти во 2022 година.

На прво место е Мик Шумахер, чија несреќа на квалификациите во Саудиска Арабија беше прогласена за целосна загуба и го чинеше американскиот тим 2.047.000 долари. На второто место е Гуанжу Џој, кој доживеа сериозен инцидент на стартот на Големата награда на Велика Британија, а поправката на неговиот болид на крајот чинела 1.897.000 долари. Саудиска Арабија, исто така, се покажа фатална за Николас Латифи, бидејќи тој заврши во ѕидот што го чинело Williams 1.165.000 зелени банкноти.

Во оваа категорија е и Луис Хамилтон, но на четврто место бидејќи за несреќата во Австрија, Mercedes одвоил 1.507.000 долари. Нешто помалку, односно 1.415.000 долари дал Alpine за да се поправи штетата на болидот на Окон во Мајами.

Конечно, кога ќе се повлече линијата, ова се бројките во долари што тимовите ги потрошиле на поправки на автомобили во 2022 година:

  1. Мик Шумахер – 3.952.000
  2. Николас Латифи – 3.389.000
  3. Џоу Гуанју – 2.934.000
  4. Карлос Саинц – 2.822.000
  5. Луис Хамилтон – 2.667.000
  6. Себастијан Фетел – 2.229.000
  7. Естебан Окон – 2.160.000
  8. Ленс Строл – 2.102.000
  9. Јуки Цунода – 1.400.000
  10. Фернандо Алонсо – 1.355.000
  11. Џорџ Расел – 1.337.000
  12. Александар Албон – 1.325.000
  13. Шарл Леклер – 1.297.000
  14. Серхио Перез – 1.147.000
  15. Пјер Гасли – 1.115.000
  16. Даниел Рикиардо – 875.000
  17. Ландо Норис – 605.000
  18. Кевин Магнусен – 505.000
  19. Макс Верстапен – 485.000
  20. Валтери Ботас – 442.000