„Го направив за еден месец и користев отпаден материјал за да го направам“

Млад човек од индискиот Утар Прадеш направил евтин електричен велосипед на кој покрај возачот може да се сместат уште пет лица.

Ашхад Абдула од селото Лохра тврди дека изработката на велосипедот го чинела 150 долари (околу 8.700 ден.) и дека со едно полнење може да помине растојание од 150 километри.

Ашхад прво размислувал да направи електричен велосипед поради растечките цени на бензинот, а сега сака да го патентира.

„Моето семејство секогаш ме поддржуваше во ваквите иновации. Идејата ми дојде кога цената на бензинот почна да расте. Го направив за еден месец, а за изработка користев отпаден материјал. Сега сакам да го комерцијализирам и да го продадам на други по прифатлива цена“, вели Ашхад.

Новата креација на две тркала стана вирална кога видеото беше споделено на Twitter од Ананд Махиндра, претседател на групацијата Mahindra, еден од најголемите производители на автомобили во Индија.

Шефот на Mahidra го сподели видеото со коментар дека пронајдокот може да најде глобална примена во преполните европски туристички центри.

„Со минимални трошоци, овој електричен велосипед би можел да најде глобална примена како туристички „автобус“. Секогаш сум импресиониран од иновациите и изумите на транспортот во руралните средини каде што тоа е неопходност.