Идеална забава за вешти раце, со големо трпение и многу слободно време

Репликата на V2 мотор моторот на Daimler е изработена од анодизиран алуминиум и е само една помеѓу големиот број на функционални реплики со може да си ги исполнети деновите во изолација..

Репликата е базирана на конструкција на мотор од 1898 година, која подоцна се користела при производство на авиони. Доаѓа во комплет со електромотор, батерии кои може да се полнат, средство за подмачкување и алат за монтажа и што е најважно истата е целосно функционална.

Интересно е што ѕидовите на цилиндрите на одредени места се зарежани, така што набљудувач може внимателно да го следи процесот на склопување на моторот. Составувањето на репликата е совршен начин да се стекнат знаења за работата и деловите на моторот. Благодарение на обемните инструкции, дури и најмладите фанови на механиката можат да го склопат овој мотор.

Самата реплика изгледа неверојатно, а видеото во прилог кое го прикажува процесот на составување е исто толку интересно. Ова е туторијал кој чекор по чекор го објаснува настанувањето на го моторот.

Покрај споменатиот мотор, може да се најдат уште неколку различни конструкции, како на пример оваа на Toyota.

Репликите се продаваат на Amazon по цена од околу 500 долари.