Иако електричните автомобили се се попопуларни, искуството од Кина покажува дека ако се укинат државните стимулации, продажбата на е-возила се намалува.

Volkswagen најави инвестиција од десетици милијарди долари во развојот на електрични возила, а електрификација најавија и други (големи) автомобилски компании. Електрични возила има се повеќе, како и станици за полнење, а со различни стимулации поддршка на продажбата на е-моторни автомобили даваат и се повеќе земји. Покрај попустите при купување автомобил, во некои земји сопствениците на електрични автомобили имаат бесплатен паркинг, можат да го користат и делот од патот резервиран за јавен превоз и слично.

Исто така, во иднина може да очекуваме поевтини автомобили и потрајни батерии, кои заедно со зголемување на бројот на станици за полнење и пократко време на полнење, треба да доведат до уште поголема побарувачка за е-возила. Сепак, и со овие вакви подобрувања, доминацијата на моторите со внатрешно согорување во текот на следните години, освен можеби во земји како Норвешка ќе станува се поголема.

Прилагодувањето кон електричните возила ќе трае со години, а за да стане масовно прифатен, сепак ќе бидат потребни државни стимулации, затоа што без нив е малку веројатно дека ќе има побрза промена. Така, во неодамнешно интервју за Reuters, коментира шефот на Дајмлер, Ола Калениус. Поточно, искуството во Кина покажа дека со намалување или елиминирање на стимулациите, падна и продажбата на електрични и хибридни автомобили.

„Важно е да се има стимулативна структура во текот на фазата на трансформација“, вели Калениус, додавајќи дека можеме да очекуваме помалку електрични возила да се продаваат во Кина оваа година во однос на минатата година, како резултат на промените со стимулациите.