Во најуспешната година во својата историја, познатата италијанска автомобилска компанија само од продажба на автомобили заработила 939 милиони евра

Во Маранело имаат причина да слават, бидејќи официјалните извештаи велат дека во 2022 година Ferrari продал најмногу автомобили во својата повеќедецениска историја, а со тоа забележал и рекорден профит.

Минатата година Ferrari испорачал 13.221 автомобили до клиентите ширум светот, што е за 2.066 повеќе од официјалните продажни резултати во 2021 година, во која биле испорачани 11.155 единици, па Ferrari лани (само од зголемена продажба на автомобили) заработил 939 милиони евра или 106 милиони повеќе во споредба со резултатот од 2021 година.

Со зголемувањето на продажбата, минатогодишниот вкупен профит на Ferrari, кој е остварен преку сервисирање на автомобили, резервни делови и бројни други активности, надминува пет милијарди евра, а во Маранело процениле дека на крајот на оваа година бројките би можеле да бидат уште подобри, бидејќи се споменуваат 5,7 милијарди евра заработка.

Во реализацијата на плановите несомнено ќе помогне и првиот кросовер модел на Ferrari (Purosangue), чија испорака стартува оваа година. Побарувачката за четвороседот придвижуван од 6.5-литарски V12 мотор ги надминува сите очекувања, па листата на чекање е две години.

Со рекордната заработка одат и рекордни бонуси

Како што потврди првиот човек на компанијата Бенедето Виња, на работниците ќе им биде исплатен бонус од 13.500 евра. И тоа на секој од околу 5.000 вработениво погоните на Ferrari. Во однос на претходната година, ова е зголемување од 12,5 отсто.

Како потсетување, на почетокот на годинава и Mercedes најави рекордни бонуси за своите работници. Сите 100.000 работници во Германија ќе добијат бонус од 7.300 евра.