Германскиот производител наскоро официјално ќе го претстави својот прв електричен SUV, моделот ID.4, со кој има големи планови

Откако првично заостануваше зад некои производители, Volkswagen забрзано се вклучува во масовна електрификација, а по компактниот електричен хечбек ID.3, наскоро на пазарот ќе пристигне и електричниот SUV ID.4

Овој модел ќе се произведува во Европа, Кина и САД, така што VW очекува да може да продава 500.000 возила ширум светот секоја година.

Секако, нејзините главни пазари ќе бидат американскиот и кинескиот, а не треба да се занемарува и Европа, каде бројот на електрични автомобили на патиштата расте од година во година.

Volkswagen не очекува ID.4 да привлече точно половина милион клиенти на почетокот, но од компанијата веруваат дека тоа може да се случи за 4-5 години. Имено, како што велат во германскиот производител, реално е дека до 2025 година, вкупната продажба на електричните модели на Volkswagen ќе изнесува 1,5 милиони, од кои третина би се однесувала на ID.4, дирекниот противник на Tesla Model Y.

Volkswagen започна голема електрична офанзива и за таа цел планира да инвестира дури 11 милијарди евра до 2024 година.