Едно од главните прашања што малку ја успорува уште поголемата експанзија на електричните автомобили е зголемувањето на бројот на станици за полнење. Volkswagen, сепак, има решение

Германскиот гигант е целосно фокусиран на EV сегментот, па воочи лансирањето на сопственото I.D. семејството, исто така, развил систем за полнење електричните автомобили.

VW решението го гледа во мобилни станици инспирирани од Power bank надворешните батерии за мобилни телефони.

Пилот проектот на Volkswagen ќе започне со работа во родниот град Волфсбург на почетокот од оваа година, а најавено е дека секоја станица ќе има капацитет од 360 kWh со два полначи со симултана и наизменична струја.

Германците тврдат дека една станица ќе може да наполни околу 15 EV автомобили, четири во исто време, а самата може постојано да се надополнува со моќност од 30 kW преку поврзување со стандардната електрична мрежа.

Овие мобилни станици, VW ги гледа како решение за локации со лоша инфраструктура. Сериското производство се очекува од 2020 година и е најавено како еден од клучните фактори за успех на I.D семејството на електрични автомобили на Volkswagen.

https://youtu.be/IT_mflzFGFU