Враќањето на Алонсо можно и во 2019 година?!
Двојниот светски шампион Фернандо Алонсо повторно може да биде член на McLaren, но само како резервен возач за 2019 година
Од крајот на 2018 година, тимот од Вокинг има договор со Сергијо Сете Камара, возач на Formula 2, како резервен возач, но Бразилецот сè уште не ги исполнува критериумите за супер лиценца поради недостаток на бодови. Toa значи дека во случај McLaren да има потреба од замена на еден од возачите, Камара не би можел да се натпреварува.
Јуниорот на McLaren, Ник де Врис, ги исполнува условите за супер-лиценца, но тимот сеуште нема прецизирано каква улога ќе има Холанѓанецот. На крајот од минатата година, Алонсо ја заврши својата 17-годишна кариера во Formula 1 и се пензионираше, но остана поврзан со McLaren преку проектот Indianoplis 500.
На презентацијата на автомобилот за 2019 година, првиот човек на McLaren, Зак Браун изјави дека тимот има неколку опции кога станува збор за резервни возачи.
„Фернандо е сеуште член на нашето семејство преку проектот Indy. Гил де Феран се грижи за возачите, така да имаме неколку опции за резервен возач“, вели Браун и додава:
„Мислам дека нема да го објавиме името на нашиот резервен возач, но сигурен сум дека има многу добри возачи кои може да го полнат седиштето ако е потребно“.
Браун на крајот од 2018 година изјави дека McLaren имал разговор со Алонсо за можностите за тестирање на болидот на почетокот од сезоната. Сепак, оваа недела тој рече дека плановите на британскиот тим се користење на сопствените возачи – Карлос Саинз и Ландо Норис.
Во моментотов одиме ден по ден во поглед на тестирањата. Ние сме фокусирани на нашите возачи. Секогаш за време на предсезонските тестирања, кога станува збор податоци за сигурноста и податоци за ефикасноста, треба да планирате да одите од ден за ден“.