Саемот за автомобили во Женева како да е предодреден за ексклузивни премиери

На почетокот од март, ќе бидеме сведоци на премиера на нов суперавтомобил од компанијата Puritalia Automobiles. Компанијата која за прв пат го привлече вниманието пред седум години со родстер моделот 427 се враќа на местото на настанот со нов модел – Berlinettа.

Од моделот се планирани само 150 рачно изработени примероци, а истиот има совршен сооднос на тежината од 50:50 меѓу двете оски.

Puritalia Berlinettа се придвижува со V8 агрегат сместен зад задната оска, а кој развива 965 КС и 1.248 Nm вртежен момент. Со електричната енергија управува алгоритам за автоматско учење кој користи вештачка интелигенција (AI) базирана на Cloud.

Компанијата тврди дека корисниците ќе можат да управуваат со поголемиот дел од функциите на автомобилот користејќи го својот паметен телефон, а при нарачувањето на возилото ќе можат да достават точна спецификација за тоа што сакаат.

Останатите детали ќе бидат откриени на прес-конференцијата на 5-ти март, кога започнува Саемот за автомобили во Женева.