Воопшто не ги жалеле: Ова се 10-те најскапи автомобили уништени за потреби на снимањето филмови
Porsche, Aston Martin, Rolls-Royce, брендот не е важен, битно е дека кршењето било ефективно без компјутерска графика
Сцените со автомобилски бркотници во филмовите често бараат жртвување на скапоцени модели на автомобили за задоволство на гледачите. Иако денес често се користи компјутерска графика, факт е дека понекогаш вистински автомобил треба да се уништи за да се остави подобар впечаток. Дали знаете кои се најскапите автомобили кои всушност биле уништени на филмските сетови?
Според порталот Confused, титулата за најскап оди кај Porsche 917K, кој е неславно уништен за време на снимањето на филмот Le Mans од 1971 година. Иако уништувањето на автомобилот не било вклучено во сценариото за филмот, 917K управуван од Дејвид Пајпер завршува во бариерите по дупната гума додека снимал сцена со голема брзина.
И покрај сериозната штета, култниот тркачки автомобил бил поправен и продаден како таков во 2017 година за 14 милиони долари. Денес, ова култно Porsche кое се појавува во филмот вреди повеќекратно, што го прави убедливо најскапата автомобилска „жртва“ уништена при снимање на филм досега.
Следниот најскап уништен автомобил е Aston Martin DB10 од филмот Spectre од 2015 година, дел од сагата за „најтајниот агент на светот“ Џејмс Бонд.
Иако филмскиот јунак DB10 во голема мера се засновал на масовно произведениот модел Vantage од тоа време, имал приспособена каросерија која го прикажува дизајнот на следната генерација на модели на Aston Martin. Aston Martin има направено вкупно 10 примероци за потребите на филмот, а седум се уништени. Еден од „преживеаните“ од филмот бил понуден на продажба во 2016 година, со цена од 2.434.500 фунти.
Третото место е за Rolls-Royce Phantom на Тони Старк од филмот Iron Man 2 од 2010 година. Всушност, два „Фантома“ во вредност од по 493.000 долари биле користени при снимањето на сцената каде што ликот од филмот Иван Ванко (Мики Рурк) користи удар со камшик за да ги преполови.
Топ 10 автомобили уништени за потребите за снимање на филм:
- Porsche 917K – Le Mans (1971.) – 14 милиони долари
- Aston Martin DB10 – Spectre (2015.) – 3,6 милиони долари
- Rolls-Royce Phantom – Iron Man 2 (2010.) – 493 илјади долари
- Lamborghini Murcielago LP640 – Dark knight (2008.) – 354 илјади долари
- Ford Falcon XB GT Coupe – Mad Max 2: Road Warrior (1981.) – 265 илјади долари
- Aston Martin DBS – Casino Royale (2006) – 225 илјади долари
- 1967. Ford Mustang “Eleanor” – Nestali u 60 sekundi (2000.) – 219 илјади долари
- Lincoln Continental iz 1941. – Kum (1972.) – 209 илјади долари
- Mercedes-Benz 280SE Cabriolet iz 1969. – Mamurluk (2009.) – 165 илјади долари
- Lamborghini Huracan – Doctor Strange (2016) – 165 илјади долари