Volvo официјално го претстави рестилизираниот XC90

По промената практично на целата гама на модели, Швеѓаните сега се свртуваат кон освежување и рестилизација на постарите модели со цел да го продолжат својот животен век.

Визуелните модификации кај XC90 се екстремно суптилни. Најголема е секако новата решетка на предната страна на возилото, додека сега на потенцијалните купувачи им се достапни и поинакви тркала и бои за каросеријата.

Во внатрешноста на автомобилот нема промени, кои веројатно за многумина и не се потребни. Дури и без промени, внатрешноста изгледа привлечно, па дури и во некои елементи и пред своето време. XC90 може да дојде со пет седишта, но исто така и со шест, па дури и седум.

Најважната новина во освежениот XC90 е примената на таканаречениот KERS систем. Тоа е технологија која овозможува обновување на енергијата генерирана со сопирање. Овој систем ќе биде поврзан со SUS моторите, а како што е објавено од Volvo, потрошувачката на гориво ќе се намали за околу 15%.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1oUfCeQxMBMgNPRQcBeU4Gnq108b9EOH2″ maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Шведскиот бренд објави дека новата верзија на нивниот најголем SUV ќе биде достапна од мај оваа година, а книгата за нарачки веќе е отворена.