Ова треба да се случи по 3 години

Европскиот совет за безбедност во сообраќајот планира да воведе задолжителни ограничувачи на брзината во сите нови автомобили по 3 години. Ова се уште е проект кој добил одобрување од „група клучни членови на Европскиот парламент“, објави Reuters.

Системот се нарекува Intelligent Speed Assistance (ISA), а ограничувачот на брзината ќе користи GPS податоци и функција за препознавање на сообраќајни знаци за да се утврди ограничувањето на брзината во секој дел. Ограничувачот потоа автоматски ќе ја намали брзината на автомобилот до поставениот лимит. Авторите на законот предвидуваат можност за надминување на ова ограничување со поостро притискање на педалата за гас, но системот ќе се активира секој пат кога возачот ќе го запали моторот. Во исто време, можноста за надминување на ограничувањето со стисок на педалата за гас ќе биде ограничена.

„Ако возачот продолжи да вози со брзина поголема од дозволената неколку секунди, системот ќе почне да дава предупредувачки сигнали додека брзината не се врати во дозволениот опсег“, се вели во проектот.

Се очекува новите ограничувачи на брзината да ги намалат сообраќајните несреќи за 30 отсто, што значи 25.000 помалку загинати во Европа по 15 години од воведувањето.