На форумот worldscoop.forumpro.fr се појавија две фотографии од новата генерација на Volkswagen Golf без камуфлажа. Фотографиите наводно се направени во Мадрид, каде Volkswagen снима реклама за премиерата

Како што и се очекуваше, нема драстични промени во дизајнот, односно тие се главно фокусирани на светлосните групи и браниците. Подрастични промени се очекуваат во ентериерот, налик на предводникот во гамата на Volkswagen, моделот Touareg. 

Техничките спецификации сè уште не се познати, но извесно е дека во понудата ќе има и хибриден модел покрај стандардните дизел и бензински мотори. Презентацијата се очекува кон крајот на оваа година или на почетокот на следната година.