Тимот на редакцијата на Sport Auto одлучи да провери кој е најдобриот спортски хечбек на пазарот, па ги споредил Volkswagen Golf GTI, Hyundai i30 N и Ford Focus ST

Автомобилите се споредувани на патеката Hockenheim GP.

Volkswagen Golf GTI од 2.0 турбобензинецот вади 245 КС и 370 Nm, а достапен е со 6-степен мануелен или 7-степен автоматски менувач, додека до 100 km/h забрзува за 6,3 секунди.

Hyundai i30 N во стандардната верзија со 2.0 турбобензинец развива 250 КС и 353 Nm, до стотка спринта за 6,4 секунди, додека со пакетот опрема Performance Package развива 275 КС и 378 Nm, а до стотка му се потребни 6,1 секунди.

Ford Focus ST има 2.3-литарски мотор со 280 КС и 420 Nm, а моќноста се пренесува со 6-степен мануелен менувач или 7-степен автоматски.

Кој е прв на целта?