Големиот SUV модел на Toyota ќе се позиционира над моделот RAV4 во гамата на јапонскиот  производител

Моделот Highlander за прв пат и официјално ќе се продава на пазарот во Западна Европа и тоа исклучиво во хибридна варијанта.

Погонскиот систем се состои од 2.5-литарски бензинец, два електромотори (по еден напред и позади), како и никел-метални хидридни батерии спакувани под вториот ред на седишта. Вкупната комбинирана моќност на хибридниот систем е 248 КС. Моќноста се пренесува преку CVT автоматски менувач, а масивниот SUV од место до 100 km/h забрзува за 8,3 секунди. Максималната брзина е 180 km/h. Од Toyota тврдат дека Highlander може да се вози и во чисто електричен режим, но тогаш максималната брзина е ограничена на 125 km/h.

Возачот може да избере еден од четирите претходно дефинирани режими: Eco, Normal, Sport и Trail.

Пакетите опрема за Европа се навистина богати. Стандардни во сите пакети се LED фаровите, тризонска климатизација, грееше на седишта, безжично полнење на паметни телефони …

Основната верзија има 7-инчна дигитална инструмент табла и 8-инчен дисплеј за мултимедијалниот систем, како и сет на системи за помош на возачот наречен под едно име Toyota Safety Sense. Поскапите варијанти се, меѓу другото, опремени со 20-инчни алуминиумски тркала, електрична контрола за отворање на задната врата, амбиентално сино осветлување… Опциите по избор вклучуваат панорамски покрив, голем 12,3-инчен екран за мултимедијалниот систем со сателитски систем за навигација и премиум аудио систем JBL со 11 звучници и 1.200 вати.

https://youtu.be/ZvU4LBB365Y