Најпродаваниот модел на Volkswagen за минатата година е освежен за моделната 2021 година

Новиот VW Tiguan сега има малку поинаква решетка за ладилникот, а редизајн претпрпеле и светлосните групи и предниот браник. Промените се помалку забележливи во задниот дел, каде што дискретно се редизајнирани стоп-светлата и браникот.

Новина е името на моделот во средината на задната врата, под амблемот Volkswagen.

Внатрешност

Мали измени има и во салонот. Покрај новиот мултифункционален управувач со контроли чувствителни на допир, верзиите со поскапи пакети на опрема имаат и нови контроли за климатизација кои се исто така чувствителни на допир. VW Tiguan за 2021 година има и нов мултимедијален систем со гласовни команди и голем, централно поставен дигитален дисплеј.

Инструмент таблата е исто така дигитална, со дисплеј од 8 или 10,25 инчи, во зависност од пакетот на опрема.

Volkswagen се фали и со подобреното амбиентално осветлување на салонот со 15 бои, а опционален е Fender аудио систем со 480 вати.

Кога станува збор за безбедноста при возење, новиот Tiguan е опремен со системот Travel Assist, кој овозможува автоматска контрола на управувањето, забрзувањето и сопирањето на возилото со брзина до 210 km/h. VW Tiguan za 2021 нуди и најнова генерација на адаптибилен темпомат.

Моторизација

Кога станува збор за погонот, клиентите на располагање ќе имаат 4-цилиндерски 2.0 турбо-бензински мотор со 186 КС (137 kW) и 300 Nm, а тука се и plug-in хибридот со вкупна моќност од 245 КС (180 kW) и високо-перформантната верзија Tiguan R со 320 КС.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

2021 VW Tiguan

[useyourdrive dir=”1Dq3_qZklpckhl2U1w5wFPWKygLG9T7V0″ maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

2021 VW Tiguan e-Hybrid

[useyourdrive dir=”1DCvC_msm2gbVkxhwzOV1i6l5FArpnQ_2″ maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

2021 VW Tiguan R

[useyourdrive dir=”1OQ0a2xhrEfbqpvjW6-1rc4vUKO8toXNR” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ previewinline=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Продажбата на VW Tiguan за 2021 година во Европа започнува оваа есен.