Продажбата на нови автомобили во Европа е драстично намалена, како последица на ограничувањата во услови на пандемија на коронавирус

Така во месец мај падот на продажбата е 57 проценти или 43% во текот на првите пет месеци од 2020 година споредбено со минатата година.

Според информациите споделени од агенцијата JATO Dynamics за 27 европски пазари, најпродаван автомобил во месец мај бил Renault Clio, со 16.028 единици, а потоа следат Volkswagen Golf и Peugeot 208, кои учествувале со 13.125 и 10.977 примероци.

Dacia Sandero е продадена со околу 300 единици помалку од суб-компактниот хечбек на Peugeot, додека малите кросовер модели Renault Captur и Volkswagen T-Roc се на петтата и шестата позиција. Во ова рангирање следат Opel Corsa, Dacia Duster, Citroen C3 и Volkswagen Tiguan.

Во категоријата на хибриди и модели со лесна хибридна технологија, Toyota Corolla, C-HR и RAV4 доминираа на подиумот со 5,185, 4.831 и 4.360 единици, соодветно, додека Ford Kuga, BMW X3 и VW Passat се најпосакуваните PHEV модели, со 1.650, 1.356 и 1.139 примероци, соодветно. Електричниот автомобил Renault Zoe го избрале 3.679 лица, додека VW и Tesla продадоа по 2.474 и 2.178 единици од e-Golf односно Model 3.

„Бројот на новорегистрирани автомобили е повеќе од двојно зголемен во мај, споредено со бројките остварени во април. И покрај позитивните знаци на закрепнување, дел од овие регистрации може да се од продажба направена пред прогласувањето на пандемијата со коронавирус односно пред затворањето на авто салоните, па затоа, сè уште немаме доволно информации за да предвидиме како ќе закрепнува европскиот автомобилски пазар“, вели глобалниот аналитичар на ЈАТО, Фелипе Муњоз.

Loading...