Со оглед на актуелниот тренд, зборот „премногу“ скоро и да не постои кога станува збор за бројот на возила во гамата на производителите со зголемен клиренс

Ова се однесува и на јужно-корејскиот производител Kia, кој наскоро ќе претстави нов кросовер базиран на новата генерација на компактниот модел Ceed. Овој модел ќе биде четвртиот член на семејството Ceed по Hatchback, Sportwagon и ProCeed верзиите.

Веројатно под името XCeed, во моделната гама ќе биде поставен помеѓу Stonic и Sportage моделите, а премиерата е закажана за Салонот за автомобили во Женева почнувајќи кој почнува од 5-ти март.

Врз основа на големината и цената што се очекува, новиот кросовер на Kia треба да се натпреварува со модели како Ford Fоsuc Active, Volkswagen Golf Alltrack и Subaru XV / Crosstrek.

И покрај подобрениот изглед и зголемениот клиренс во споредба со стандардниот Ceed, XCeed најверојатно ќе има погон само на предната оска. Сепак, Kia може да понуди дополнителни опции за возење за да се подобри тракцијата и да се спречи лизгањето на снег и мраз.

Потенцијалните купувачи ќе избираат од помеѓу 1.0-литарскиот турбобензинец со три цилиндри и 118 КС преку 1.4-литарскиот агрегат со 4-цилиндри со 138 КС до 1.6-литарски турбо дизел со 114 КС.