Актуелниот светски шампион Макс Верстапен извојува убедлива победа на Француското ГП откако Шарл Леклер од позиција лидер во трката се заби во заштитната ограда. Подиумот го комплетираше двоецот на Mercedes – Луис Хамилтон и Џорџ Расел

Возачот на Red Bull со триумфот во Франција на патеката „Пол Рикар“ стигна до седмата сезонска и 27 победа во кариерата.

Во својата 300-та трка во кариерата, до второто место стигна Луис Хамилтон, пред својот помлад колега, сонародникот Расел кој го заокружи победничкиот пиедестал. Помладиот од двајцата Британци до подиумот стигна откако во самиот финиш на трката успеа да го надмудри вториот возач на Red Bull, Серхио Перез.

Што се однесува до борбата за победа на Француското ГП, таа практично и не постоеше Леклер ја поведе трката од самиот старт, а Верстапен беше многу блиску, но напади на позицијата немаше. Наместо тоа, холандскиот возач се одлучи за бокс и промена на гумите, а не долго потоа, поточно во 18-от круг, возачот на Ferrari излета од патеката и се заби во заштитната ограда. Тоа значеше и трето откажување за Леклер оваа сезона, по што на патеката излезе возилото за безбедност, кое сите возачи освен бранителот на титулата го искористија за да ги заменат гумите. Ова му овозможи на Верстапен да го преземе водството, кое потоа без никакви проблеми го зачува до крајот на трката.

Хамилтон на самиот старт успеа да го претекне Перес и оттогаш во ниеден момент не беше загрозен. Во одредени моменти се чинеше дека дури и Карлос Саинц Јуниор, по стартот од опашката на колоната, поради промена на погонската единица, може да се пробие до подиумот, но Ferrari го повика во боксот во моментите кога успеа да излезе пред  Мексиканецот. Италијанскиот тим дури и дополнително влијаеше на пласманот на Саинз со лошата работа во боксот односно лошиот тајминг за излегување и за малку судир со Алекс Албон, за што беше казнет со пет секунди.

Наместо тројна битка, судирот помеѓу Перез и Расел беше тој кој одлучи кој ќе го заземе последното место на подиумот. Перес имаше лош рестарт по повлекувањето на виртуелното возило за безбедност, што мудро го искористи Британецот од Mercedes за да го престигне.

На крајот Саинц мораше да се задоволи со петтото место, пред возачот на Alpine, Фернандо Алонсо, Ландо Норис во McLaren и еден од домашните возачи Естебан Окон. Списокот на освојувачи на поени го заокружија вториот возач на Mclaren, Даниел Рикиардо и Ленс Строл во Aston Martin, кој заврши подобро од неговиот тимски колега Себастијан Фетел. Саинc на крајот го освои и бодот за најбрз круг.

Во генералниот пласман сега води Верстапен со 233 бодови, 63 повеќе од Леклер, додека Перес е трет со 163.

Следната трка во Формула 1 се вози веќе следниот викенд за Големата награда на Унгарија на патеката Хунгароринг.

2022 French Grand Prix: Резултати

2022 French Grand Prix: Race Highlights

2022 French Grand Prix: Изјавија по трката

Макс Верстапен

„Имавме добро темпо од самиот почеток и го притискав Леклер, но беше многу тешко да се одржи истото ниво на перформанси во овие временски услови. Гумите се прегреваа и едноставно не можев да направам маневар. Се обидовме да останеме смирени и доволно близу. Ги сменив гумите малку порано и од тој момент никогаш не се знае по кој пат ќе оди трката. Сепак, болидот беше брз. Леклер немаше среќа и се надевам дека се е во ред со него. Сите моравме да ги чуваме гумите до крај. Пит-лејнот е многу долг и се губи многу време поради што никој не сакаше да ризикува уште еден пит-стоп“.

Луис Хамилтон

„Временските услови беа неверојатни, а мене системот за пиење не ми работеше како што треба. Сепак, на крајот имаме одличен резултат со оглед на тоа колку заостанувавме овој викенд. Сигурноста на болидот беше одлична и честитки за тимот и Џорџ на подиумот“, изјави Хамилтон.

Џорџ Расел

„Јас сум гола вода. Трката беше долга и многу тешка. Темпото беше добро, но не се снајдов најдобро со гумите пред рестартот, иако го поминав Чеко. Поради тоа до крајот на трката ми дишеше во врат. Едвај го дочекав карираното знаме и бев многу среќен. Два Mercedes-a на подиумот е одличен резултат за тимот“, изјави Расел.

Шарл Леклер

„Сè уште не сум ги погледнал податоците, но би рекол дека ова е моја вина. Ако продолжам да возам вака, не заслужувам да победам. Беше грешка и не заслужувам да го освојам шампионатот возејќи вака. Мислам дека прикажувам најдобри перформанси во мојата кариера, но тоа не е ефективно со овие грешки. Загубив 7 бода во Имола и 25 овде. Ако го загубам првенството со 32 разлика, тогаш знам од каде е разликата“.

Тој додаде дека проблемот со педалата за гас настанал по несреќата, а ова видео покажува дека Леклер оваа несреќа ја доживеа доста емотивно.