Верстапен подобар од Хамилтон на домашно тло во квалификациите за ГН на Холандија / ВИДЕО
Разликата помеѓу првите двајца на крајот од квалификациите беше само 38 илјадити делови од секундата
Временските услови пред почетокот на квалификациите беа многу потопли во споредба со третиот тренинг, така што температурата на воздухот беше 18, а патеките 35 степени. Беше сончево, но со повремени налети на ветер.
Веднаш на почетокот на првата сесија, Роберт Кубица (како замена за Раиконен кој е позитивен на Ковид 19) излезе на патеката заедно со возачите на Williams и Haas, сите со меки гуми. Набргу потоа тргнаа и останатите возачи, па по неколку минути се создаде вистинска гужва на патеката во Зандворт. Макс Верстапен доби овации од толпата, која ги „обои“ трибините во портокалова боја.
По првата рунда на кругови, Верстапен беше на првото место со време од 1.10,036 секунди пред Хамилтон, која заостануваше 1 десетинка, додека Гасли беше на третото место, а Леклерк четврти пред Ботас и Перез. Возачите на Mercedes користеа медиум гуми, додека сите останати беа на меки гуми. Некаде на средината од првата сесија своите кругови ги извозија и возачите на Alpine,, при што Алонсо успеа да го заземе 6-то место, а Окон 8-то место.
Во тие моменти Кубица успеа да ги подобри времињата и да се пробие на 15 -то место, кое е прво надвор од зоната за испаѓање. Ferrari успеа навреме да го поправи болидот на Карлос Саинц за почеток на квалификациите, па Шпанецот во тие моменти беше на сигурното осмо место. Строл, Шумахер, Фетел, Кубица и Мазепин беа во опасната зона на крајот од првиот дел. Во самиот финиш, возачите добија информација дека патеката се подобрува за околу 1 секунда по круг, па многу од нив успеаја да го подобрат времето. На крајот, Леклер (1.09,829) изби пред Саинц, а на крајот од првата сесија се покажа дека постигнатите времиња на Перез, Фетел, Кубица, Шумахер и Мазепин не беа доволни за влез во вториот дел од квалификациите.
Втората сесија ја отвори Макс Верстапен со неговиот брз круг од 1.09.071 секунди. По првата рунда кругови зад возачот на Red Bull беа возачите на Mercedes, додека Џовинаци беше четврти, а Расел петти. Сите тие користеа меки гуми. И возачите на Ferrari имаа добар ритам, па Леклер изби на второто место, додека Рикиардо дојде на 6 -та позиција. Расел, Строл, Норис, Латифи и Цунода беа во опасната зона. Во завршницата na Q2, црвено знаме и прекин на квалификациите поради излетувањето на Џорџ Расел. Британецот сепак успеа да се врати на патеката и да се одвезе во гаражата.
The margins are fine at Zandvoort, as both George Russell and Nicholas Latifi found out in qualifying ???#DutchGP ?? #F1 pic.twitter.com/R9gjEpdPbn
— Formula 1 (@F1) September 4, 2021
По пауза од околу десет минути, сесијата продолжи и возачите имаа можност да направат уште еден брз круг. Но, веднаш, сличен и многу посериозен инцидент доживеа и вториот возач на Williams, Николас Латифи, кој излета од патеката и заврши во заштитната ограда во осмиот свиок. Раководството на трката веднаш реагираше и повторно на сила е црвеното знаме со извесување до сите дека втората сесија нема да продолжи. Резултат на тоа е отпаѓање од квалификациите за Расел, Строл, Норис, Латифи и Цунода.
Паузата поради поправање на оградата траеше околу 20 минути, по што започна последниот сегмент од квалификациите. Веднаш, сите ја започнаа акцијата на патеката, па Верстапен беше првиот кој постави најбрзо време од 1.08.923 секунди, а потоа Ботас, Хамилтон, Леклер и Гасли. Во самиот финиш, следеше „битка“ помеѓу Верстапен и Хамилтон, во која на голема радост на домашната публика, Верстапен излезе како победник за пол позицијата со време од 1.08.885 секунди, додека Хамилтон беше веднаш зад него со заостанување од 38 илјадити делови од секундата. Трет беше Ботас пред Гасли, Леклер, Саинц, Џовинаци, Окон, Алонсо и Рикиардо.