Велика Британија и порано од предвиденото ќе ги забрани агрегатите со внатрешно согорување?!
Властите во некои градови сакаат забраната да влезе во сила веќе од 2030 година
Скоро една година по објавувањето од страна на властите во Велика Британија дека ново произведените бензински и дизел автомобили ќе бидат забранети од 2040 година, сега стигнува информација дека тоа може да се случи и порано, соопшти агенцијата Reuters.
Според информациите, градоначалникот на Лондон – Садик Кан, разговарал со своите колеги од Оксфорд, Бристол, Брадфорд и Кардиф за воведување на забраната веќе од 2030 година. Според Садик Кан ограничувањата за продажба на нови автомобили со погон на нафтени горива ќе значително ќе го зголеми квалитетот на воздухот, а со тоа ќе се подобри и здравјето на луѓето.
Градоначалниците ќе разговараат со Државниот секретар за животна средина, Мајкл Гув, со цел преземање на брза акција по ова прашање. Покрај тоа, градоначалниците ќе се обратат и до владата со предлог програма за обновување на возниот парк во земјата.
Во моментов не е јасно дали предлогот за скратување на рокот за воведување на мерката ќе биде прифатен, но се очекува дека во блиска иднина властите во земјата да почнат со реализација на планот Road to Zero, кој ќе цели кон зголемување на производството на автомобили со алтернативен погон и постепено намалување на оние бензински и дизел погон.