На авионската писта во Гибралтар сообраќаат и авиони и автомобили

Аеродромот во Гибралтар се смета за еден од најопасните во светот. Постојат неколку причини за ова: прво, тоа е еден од ретките аеродроми во светот каде пистата поминува низ автомобилски пат. Второ, должината на пистата е 1.829 метри и се наоѓа на 500 метри од центарот на градот. И трето, силниот ветер често го спречува слетувањето бидејќи буквално ги „оттурнува“авионите.

Сепак, British Airways го користи аеродромот за своите летови до Велика Британија и Шпанија. Во исто време, за среќа, долго време  не се случиле сериозни инциденти кога станува збор за цивилното воздухопловство во Гибралтар. Ова возбудливо видео е посветено на храбрите пилоти (и не помалку храбри патници) кои продолжуваат да летаат во оваа насока и покрај околностите.