Веќе шест години по ред освојува BMW M автомобил
Шпанецот Марк Маркес го живее сонот на сите обожаватели на BMW M автомобилите
Во последните шест години, младиот Шпанец освојува по едно BMW M во секоја од нив. Благодарение на доминацијата во MotoGP шампионатот, неговата гаража е полна со врвни спортски автомобили без потрошено евро.
Марк Маркес во периодот 2013-2018 година освои пет MotoGP шампионски титули, а тоа не му појде од рака не успеа само во 2015 година кога беше трет во генералниот пласман за возачи.
Сепак, во секоја од последните шест сезони, Шпанецот, вклучувајќи ја и 2015 година, е најуспешен во квалификациите што е услов за наградата од BMW.
Во 2013 година тој освои M6 Coupe, 2014 M4 Coupe, 2015 M6 Convertible, 2016 M2 Coupe, минатата година M4 CS и оваа нов M3 CS.