Компанијата Tesla е заинтересирана за соработка со Mercedes за развој на електрично комерцијално возило

Илон Маск во негова типична коресподенција на Twitter со фановите на моделите на Tesla истакнува дека е отворен за соработка со Mercedes во развојот на електричната варијанта на Sprinter, иако германскиот бренд веќе нуди такво нешто.

Еден од неговите следбеници му префрлил за тоа што Tesla за достава користи возила со мотори со внатрешно согорување, а милијардерот како одговор посочува можен развој на сопствено комерцијално возило. Тој истакнува дека Mercedes Sprinter е одличен и дека тука гледа можна соработка. Како една од опциите, наведува купување на Sprinter без батерии, мотор, односно само шасија и платформа, а Tesla потоа сама да ги вградува потребните делови. Другата опција, како што Маск, а која е доста далеку од реализација, е Tesla сама да развие ваков тип на возило.

Првиот човек Tesla истакнува дека во за сега такво нешто не е помеѓу приоритетите. Приоритетите на компанијата се: Модел Y, Пикап возило, Semi и Roadster.

Tesla и Daimler веќе имаат соработувано во периодот од 2009 до 2014 година. Американскиот производител го снабдувал Daimler со електромотори за првата генерација на електричните Smart модели и B-Class Electric Drive.