Веќе по две години компјутерите ќе може самостојно да управуваат со автомобилите!
За почеток, компјутерите целосно ќе ги контролираат автомобилите само на автопатиштата и во ситуации за кои тие ќе сметаат дека се безбедни
На YouTube може да се најдат видео записи од возачи кои спијат во своите автомобили од марката Tesla додека истите се во движење или пак воопшто не се осврнуваат на сообраќајот и патот, оставајќи ги сите решенија за управување со автомобилот на компјутерот и вградената технологија. Иако Tesla оваа опција ја нарекува автопилот, таа не е вистински автопилот, туку возачки асистент на кој возачите никогаш не треба да го препуштат управувачот, туку нивните раце треба секогаш да бидат на воланот, што може да се види дека не е така во многу случаи.
Сепак, за две години возачите ќе можат слободно и без страв да ги тргнат рацете од воланот и да го свртат вниманието и погледот од патот, а додека седат на возачкото седиште, да се релаксираат и навистина да го остават возењето целосно до автомобилот, односно компјутерот. Такви се барем најавите од Volvo, кој од 2022 годи во дел од автомобилите базирани на SPA 2 модуларната платформа ќе овозможи инсталирање на „лидари“, кој веќе денес се користат во некои тестни автономни возила. Лидарот емитува светлосни ласерски бранови и на основа на повратните сигнали го мапира просторот.
Иако не се сите се согласуваат со таквото решение (на пр. Илон Маск), тестните автомобили на Ford кои користат „лидар“ успеале да го совладаат автономното возење и во потешки услови, како што се темнина и снег. Во соработка со Uber, Volvo веќе користи „лидар“ во автономни автомобили се тестираат во САД (иако во една сообраќајна несреќа загина пешак, несреќата немаше никаква врска со оваа технологија), а во Volvo веруваат дека „лидарот“ е клуч во идниот развој на автономните возила.
Треба да се напомене дека во новата генерација на Volvo автомобили, во автономното возење ќе може да ужива само во одредени ситуации, а тоа се оние ситуации за кои самиот автомобил, односно компјутерот, проценува дека се доволно безбедни за да ја преземе целосната контрола. За почеток, тоа ќе биде само автопатиштатата, но со тек на време и со понатамошни надградби, треба да има се повеќе ситуации кога луѓето ќе можат да ги тргнат рацете од воланот и да го остават возењето на компјутерот.
„Наскоро, вашето Volvo ќе може автономно да вози на автопатиштата каде што автомобилот „ќе одлучи“ дека е безбедено“, вели Хенрик Грин, извршен директор во Volvo Cars. Тој смета дека „автономното возење има потенцијал да биде една од технологиите која ќе спаси најмногу животи во историјата, доколку се претстави на одговорен и безбеден начин“, поради што треба да се воведува постепено и внимателно, за луѓето да се навикнат.