Kia го претстави рестилизираното Picanto за корејскиот пазар, каде што овој мал урбан автомобил се продава под името Morning

Редизајнираната верзија е препознатлива пред се по промените на предната страна на возилото. Тука пред се се мисли на новите LED светла, а потоа и на редизајнираниот браник кој на возилото му дава подинамичен изглед. Променети претрпеле и маската на ладилникот како и куќиштата на светлата за магла.

На задниот дел, освеженото Picanto добило нови стоп-светла со LED технологија, а рестилизиран е и задниот браник.

Корејскиот производител на купувачите ќе им понуди и редизајнирани 16-инчни алуминиумски тркала, додека надворешноста на возилото е украсена со хромирани детали во форма на лајсни и рачки на вратите.

На фотографиите се прикажани верзии со побогата опрема, така што ентериерот е полн со бројни содржини кои не се толку чести кај моделите од овој сегмент.

Покрај електрика на сите четири прозорци, тука е и мултифункционалниот управувач со бројни контроли, автоматската климатизација, потпирач за рака помеѓу возачот и совозачот, како и 8-инчен екран од мултимедијалниот систем.

Кога станува збор за моторизацијата, моделот на корејскиот пазар е достапен само со една единица. Станува збор за атмосферски 1.0-литарски 3-цилиндерски бензински мотор, кој произведува 75 КС и 95 Nm. Погонската единица може да биде спарена со 5-степен мануелен или 4-степен автоматски менувач.

Реситлизираната Kia Morning Urban (Picanto) во Кореја ќе чини околу 9.000 евра.