Scania објави видео кое се однесува на тестирање на безбедноста на електричните батерии

Во фазата на електрификација, големите батерии на камионите би биле поставени на најзгодно место, а тоа е странично во подот од возилото. Но, ова се и места кои се многу изложени на удари, па шведскиот производител мора да ја провери нивната безбедност пред комерцијализација, со тестови кои се многу блиску до реалноста.

Ова е особено важно за конструкции каде батериите се поставени на местото на поранешните резервоари за гориво и затоа се изложени на механички напрегања во далеку поголема мера отколку батериите заштитени во подот на автомобилите. Scania користи маслено ладен електричен погон од околу 400 КС, кој се напојува од голем сет батерии со капацитет до 300 kWh. Во овој случај, Scania гарантира опсег под полн товар од 250 километри.