Suzuki и Mitsubishi ја прекинуваат продажбата на дизел мотори во Европа!

Имено, како што пренесува еден азиски магазин, Suzuki ќе ја прекине продажбата на своите автомобили со дизел мотори на стариот континент до крајот на годината, додека Mitsubishi во целост ќе ја суспендира продажбата на своите автомобили со дизел мотори на голем број на пазари вклучувајќи ги Велика Британија и Германија.

Suzuki веќе го завршил производството на модели со дизел мотори во својата фабрика во Унгарија, а причината за тоа е, како што се вели, фактот дека таквите возила имаат само 10% удел во вкупнатапродажна бројка од 281.000 автомобили.

Слична е ситуацијата и со Mitsubishi, која веќе ја прекинал продажбата на дизел автомобили во Велика Британија и Германија. На други пазари, како Франција, возилата со дизел мотори сеуште се продаваат, но тоа наскоро ќе се промени.

Сè на сè, овие компании само ја следат побарувачката на пазарот, како што е наведено во еден извештај. Меѓутоа, за разлика од Suzuki, Mitsubishi нема целосно да се откаже од дизел моторите. Се наведува дека овој производител ќе продолжи да продава пикап модели со овој тип на погонски единици. Исто така, се наведува дека од вкупниот број возила што се продаваат во Европа, околу 30% имале дизел мотори.

Сумирано, Mazda е единствениот голем јапонски производител на автомобили кој ќе продолжи да продава возила со дизел мотори во Европа.

Уште од скандалот Дизелгејт, продажбата на возила со дизел постојано опаѓа. Имено, во текот на 2011 година, дизел возилата имале удел од околу 50% од вкупниот број продадени возила во Европа, за оваа бројка да падне на 44,4% минатата година.