Црни прогнози: Според извршниот директор на групацијата Volkswagen, недостигот на чипови ќе трае до 2024 година
Прогнозите на VW се совпаѓаат со оние на BMW, од каде неодамна тврдеа дека очекуваат недостигот на чипови да продолжи и следната година
Се чини дека сите надежи кои ги имаа производителите на автомобили во врска со решавање на кризата со чипови оваа година исчезнаа. Извршниот директор на групацијата Volkswagen смета дека проблемот со снабдувањето ќе постои уште најмалку две години.
Главниот финансиски директор на VW, Арно Антлиц, во интервју за Boersen-Zeitung минатиот викенд, вели дека залихите на чипови нема да се подобрат до 2023 година, но дека проблемот ќе продолжи до средината на деценијата.
„Гледаме структурно недоволна понуда во 2022 година, што веројатно ќе се намали малку во третиот или четвртиот квартал“, вели тој. „Ситуацијата треба да се подобри во 2023 година, но структурниот проблем сè уште нема да биде целосно решен“.
Антлиц верува дека проблемите ќе траат до 2024 година бидејќи производителите на чипови нема да можат да се справат со зголемената побарувачка. Прогнозите на VW се совпаѓаат со оние на BMW, од каде неодамна тврдеа дека очекуваат недостигот на чипови да продолжи до 2022 година.
„Очекувам дека ќе почнеме да забележуваме подобрување најдоцна следната година, но сепак и понатаму ќе треба да се справиме со темелен недостиг во 2023 година.“, кажа извршниот директор на BMW групата, Оливер Ципсе за Neue Zuercher Zeitung.
А ако предвидувањата на VW и BMW се точни, тоа е навистина лоша вест за производителите на автомобили кои се борат да се опорават од двегодишното производство на автомобили ограничено со комбинација на ограничувања од коронавирус, недостиг на чипови и, во поново време, проблеми со добивање жици од украинските добавувачи.
Имено, и BMW и VW неодамна мораа да го запрат производството на неколку дена поради недостаток на жици. Антлиц наведува дека добавувачот работи само во една смена, што ја ограничува понудата и го принудува VW да најде алтернативни добавувачи, иако тврди дека тоа е само привремена мерка.