Британскиот производител на луксузни спортски автомобили Aston Martin во Шангај го претстави својот прв целосно електричен автомобил.

 

Rapide E е стандарден седан со четири врати, но под капакот на моторот го нема 6.0-литарскиот V12.

Електричниот Aston Martin се придвижува со пар електрични мотори кои се поставени во задниот дел на возилото и генерираат 610 КС и 950 Nm вртежен момент.

На местото каде што обично се наоѓа V12, сместена е 800 волти батериско пакување обложено со кевлар и јаглеродни влакна, а го чинат 5.600 литиум-јонски ќелии.

Автономијата на Rapide E е околу 320 километри, а за еден час батеријата преку 800 V 100 kW полнач се полниза 310 km возење. Со обичен полнач дополната трае околу три часа.

Од Aston Martin тврдат дека нивниот прв целосно електричен модел од место до „стотка“ стигнува за помалку од четири секунди, што е скоро секунда побрзо од Rapide S и монструозната AMR верзија. Максималната брзина е електронски ограничена на 250 km/h.

Во внатрешноста, стандардната контролна табла зад воланот е заменета со 10-инчен дигитален екран.

Aston Martin од моделот ќе изработи ограничена серија од 155 единици. Rapide E, исто така, ќе добие и „улога“ во новиот филм од серијалот за Џејмс Бонд.

Компанијата веќе прима нарачки, но цената ќе биде позната само за оние кои планираат да го купат автомобилот.